Курс за Хигиена и Безбедност на Храна

Врз основа на Законот за безбедност на храна должност на секој оператор со храна е да за своите вработени изврши обука за основни познавање во областа на хигената и безбедноста на храната и заштитата на животната средина.

 

Хигиена и Безбедност на храна ТОКСИ-ВЕТ
Хигиена и Безбедност на храна

 

Оваа обука се реализира според правилникот за поблиски барања по однос на стручна подготовка и основните знаења за безбност на храната, програма за стекнување на основните знаења за безбедност на храна, условите кои треба да ги исполнат правните субјекти кои спроведуваат обуки за основните знаења за безбедноста на храната во согласност со правилата за добра хигиенска пракса, заштита  на животна средина, начинот на проверката на знаењата и издавањето потврди за стекнати основни знаења за безбедност на храната.(сл.весник бр. 5 од 10 јануари 2013 година)

Врз основа на овластување бр: 02-2381/6 од 04.09.2017 издадено од Агенција за Храна и Ветеринарство во можност сме да ви понудиме курс за хигиена и безбедност на храна и заштита на животна средина.

Предавањата се поделени во 8 тематски области, по заврување на предавањата се полага тест на кој треба да се одговори најмалку со 60% точност по што трочлената комисија констатира дека кандидатот успешно го поминал курсот за хигиена и безбедност на храна и заштита на животна средина.

Предавањата може да се изведуваат или во нашата училница или пак во вашиот објект на ваше барање.

За подетални информации во врска со курсот ве молиме дополнително контактирајте не.