Дезинсекција

  • Збир на механички и хемиски мерки и постапки кои се превземаат со цел уништување на инсекти од човековата животна околина. За успешна дезинсекција постојат неколку предуслови.
  1. Утврдување на видот на инсектот
  2. Утврдување на степенот на инфестација на инсекти
  3. Механички чист простор за успешно делување на биоцидот-инсектицидот
  4. Почитување на препораките на апликаторот за однесување во просторот после третманот

 

Потребата од дезинсекција првенствено се јавува како заштита на човековото здравје од заразните болести кои векторските преносители(инсектите) ги транспортираат и ја зголемуваат можноста од заразување на луѓето.

Како главни векторски преносители на заразни болести се таргетираат комарците, иако и останатите инсекти како муви, бубашваби, лебарки и мравки може да доведат до ширење на заразни болести поради нивните животни навики.

Поради овие причини вреди да се заштитите од инсекти, затоа контактирајте не.