Приказна за Стаорецот

 

Инцидент во ресторанот

Елитен и успешен ресторан. Важи за најдобар во градот, за да вечераш во него треба два дена претходно да си резервираш маса. Сопственикот е задоволен како оди бизнисот и прави планови за идниот развој. Планот е готов за да отвори уште два елитни ресторани под истиот бренд на различни локации во градот, но сопственикот не сметаше на еден фактор – Стаорецот што решил да вечера во неговиот ресторан и тоа не најавен, а немаше ни резервирано маса.

Пред новогодишна вечер, ресторанот е полн се слуша смеа, џагор од разговорите на гостите и тивка амбиентална музика во позадина. Еден врисок и се се смени, музиката запре, гостите сите се насочија кон страната од каде што се слушна врисокот. Стаорецот беше качен на маса за да се нагости со превкусното јадење, но неговото гостење веќе се емитуваше во живо на интернет. Денешнава технологија може да биде кобна, а беше кобна и за елитниот ресторан бидејки видеото во живо го следеа повеќе од  5000 гледачи, па како тоа да не беше доволно истото видео утредента беше објавено на популарен интернет портал.

Сопственикот на ресторанот со цел да заштеди за новите инвестиции, претходно ги одби сите понуди за дезинфекција, дезинсекција и дератизација сметаше дека неговиот ресторан е имун на инсекти и глодари, но згреши. Денес ресторанот се уште работи но новите инвестиции не се реализираа, а и опстојувањето на постојниот ресторан се доведе во прашање бидејки после инцидентот ретко кој гостин стапнуваше во ресторанот.

Доколку, после читањето на приказнава сакате да го заштите Вашиот дом или бизнис од штетници и доколку сакате да добиете понуда за справување со штетниците кои Ве мачат, Ве молиме контактирајте не.

Оваа приказна не е вистински настан, но има голема веројатност да се случи и истата служи за зголемување на свеста на читателите за значењето на Дезинфекцијата, Дезинсекцијата и Дератизацијата.